ИСТОРИЈА

Првите активности се започнати во Обединетото Кралство во 1994 година со емисијата на радио станицата BBC Radio London, чија основна цел била да им даде на потрошувачите увид за значајните пазарни марки присутни во нивниот секојдневен живот.

По големиот успех на емисијата, во 1995 година основана е Superbrands организацијата како тело за препознавање и промоција на угледните пазарни марки.

Денес, Superbrands е присутен во 92 земји и соработува со преку 20.000 светски познати компании и водечки брендови.

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОЕКТОТ

Superbrands проектот во Адриатик регионот:

1. Проектот е претставен во Словенија и Хрватска во 2006 година.

2. Во Босна и Херцеговина проектот е претставен во 2008 година

3. Проектот е претставен во Македонија во 2009 година.

4. Високо ниво на преференција на производите/услугите означени со Superbrands знакот (Словенија>50%, Хрватска>67%, Босна и Херцеговина>70%)

За повеќе информации можете да ја превземете книгата ТУКА.

ПРОЦЕС НА ИЗБИРАЊЕ

Изборот го организира и нагледува меѓународната организација Supeerbrands, глобален авторитет во сферата на брендингот.

Водечките агенции за испитување на пазарот обезбедуваат значителна количина податоци, врз чија основа се составува попис на финалистите. Иако процесот на гласање се однесува на номинирните брендови-финалисти, членовите на стручниот совет и потрошувачите дополнително можат да номинираат било кој бренд за кој мислат дека ги задоволува Superbrands стандардите, а кој не е на пописот на финалисти.

Пазарните брендови со највисоки оценки од експертите и потрошувачите се наградуваат со Superbrands статусот и се повикуваат активно да го капитализираат преку користење на наградниот знак и објава на профилот на својот бренд во годишната Superbrands публикација.

Членството во Superbrands е можно само со покана.

Предности на членството:

1. Награден знак Superbrands Macedonia 2015/2016

Постојана дозвола за употреба во сите комуникациски канали (огласување, место на продажба, амбалажа на производот, канцелариски материјал, интерна комуникација, презентација на фирмата, online присутност итн.

2. Профил на пазарната марка на македонски и англиски јазик (вкупно 4 страни) во Superbrands Macedonia 2015/2016 публикацијата.

3. Две влезници за Superbrands годишниот настан (претставување на книгата и доделување на дипломите).

Вашиот бренд е ИЗБРАН да биде меѓу најдобрите!